학술논문

REMISSION OF LATE-ONSET POST-LIVER TRANSPLANTATION NON-HODGKIN LYMPHOMA.
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). 2019, Vol. 40 Issue 1, p67-71. 5p.
Subject
*LYMPHOPROLIFERATIVE disorders
*LYMPHOMAS
*THERAPEUTICS
*TRANSPLANTATION of organs, tissues, etc.
*LIVER transplantation
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Во нашата студија е презентиран случај на пациент што развива високоагресивен лимфом како резултат на имуносупресивна терапија со циклоспорин А, по трансплантација на хепар, и тој е изложен на антинеопластичен полихемиотераписки третман, со што е постигната и одржана целосна ремисија. Пациентот е 27-годишна жена, на која ѝ е извршена трансплантација на црн дроб на 17-годиш- на возраст, со акутна хепатална инсуфициенција предизвикана од недијагностицирана Вилсонова болест. По посттрансплантацискиот период од седум години, на пациентката ѝ е дијагностициран нон-Хоџкин лимфом, потенцијално индуциран од имуносупресорна терапија со цефалоспорин А. По третман со rituximab и CHOP-терапија (r-CHOP протокол), утврдена е ремисија со помош на компјутерска томографија, која е одржана до денес. Прегледот на литературата и на слични случаи на посттрансплантациски лимфопролифератив- ни нарушувања (ПТЛД) покажа дека кај пациентите со трансплантација на хепар (ЛТ) појавата на ПТЛД има највисока инциденца во првата година по трансплантацијата. Дополнително, не постојат доволно податоци во литературата за ремисија на нон-Хоџкин лимфома кај ЛТ-пациенти. Наш заклучок е дека презентираниот случај е редок во споредба со податоците во литера- турата објавени во оваа област, како од аспект на времето на појава на ПТЛД така и од аспект на постигнатата ремисија со r-CHOP протокол. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access