학술논문

IMMUNOHISTOCHEMICAL EXPRESSION OF EPIDERMAL GROWTH FACTOR RECEPTOR IN HEPATOCELLULAR CARCINOMA.
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). Dec2018, Vol. 39 Issue 2/3, p21-28. 8p.
Subject
*EPIDERMAL growth factor receptors
*LIVER cancer
*CELL tumors
*LYMPH nodes
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Вовед: Сигналниот пат на рецепторот на епидермалниот фактор на раст (EGFR) игра важна улога кај различни типови рак, вклучувајќи го и хепатоцелуларниот карцином (HCC). Целта на овој труд е да се процени имуноекспресијата на EGFR кај HCC и на околното нетуморско ткиво и таа да се корелира со повеќе клиничко-патолошки карактеристики и со преживувањето. Материјал и методи: Анализиравме 60 пациенти со HCC за повеќе клиничко-патолошки карактеристики и во однос на преживувањето на пациентите. Дополнително, семиквантитативно го одредивме присуството и процентот на позитивните клетки во туморското и во околното циротично ткиво на целиот хистолошки пресек. Резултати: Деветнаесет пациенти (31,67 %) беа од женски и 41 (68,33 %) пациент од машки пол, на возраст помеѓу 31 и 85 години, со средна возраст 61,88±10,51. Средното време на преживување кај жените беше 8,86±1,76 месеци, кај мажите 13,03±1,50, а вкупното - 11,6051±1,19 месеци. Повеќето пациенти имаа Т2-статус на локален туморски раст (41,67 %), имаа васкуларна инвазија (63,33 %), добро диференцирани тумори (43,33 %) и немаа зголемени лимфни јазли (90 %). Имуноекспресијата на ЕGFR беше одредена во опсег од 0% до 100 % и во туморското и во околното циротично ткиво со средна вредност од 39,58 % во туморското и 86,86 % во циротичното ткиво (p<0,00). Повисок процент на EGFR позитивни клетки беше најден кај случаите на HCC со повисок Т-статус, повисоко ниво на алфа-фетопротеин и полошо диференциран карцином, но не сигнификантно. Понизок процент на позитивни клетки беше најден кај случаите со васкуларна инвазија и зголемени лимфни јазли, но исто така, несигнификантно. EGFR-експресијата во туморското ткиво сигнификантно влијаеше на преживувањето на пациентите (p<0,05). Заклучок: Оваа студија покажа дека имуноекспресијата на EGFR во понизок процент кај туморските клетки е здружена со подобра прогноза, што го прави EGFR потенцијален прогностички маркер и терапевтска таргет-молекула. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access