학술논문

EFFICACY OF INTRAPERITONEAL BUPIVACAINE ON PAIN RELIEF AFTER LAPAROSCOPIC CHOLECYSTECTOMY.
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). 2018, Vol. 39 Issue 1, p123-129. 7p.
Subject
*BUPIVACAINE
*ANALGESIA
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Вовед: Пациентите што се предвидени за лапароскопска холецистектомија имаат постоперативна болка, особено во стомакот. Третманот на болката во постоперативниот период сѐ уште е голем предизвик по лапароскопските операции. Давањето локален анестетик интраперитонеално (IPLA) по операцијата се користи како метод со кој се намалува постоперативната болка. Во оваа студија го оценуваме ефектот на интраперитонеалната инфилтрација на локален анестетик (bupivacaine) за намалување на болката по лапароскопска холецистектомија. Материјал и методи: Во оваа проспективна, контролирана и рандомизирана студија беа вклучени 50 пациенти, на возраст од 25 до 60 години (35 жени и 15 мажи), предвидени за лапароскопска холецистектомија, со ASA класификација 1 и 2. Пациентите беа рандомизирани во две групи: група А, која вклучува 25 пациенти на кои им беше дадено 20 ml 0,5% bupivacaine интраперитонеално; и група Б, која вклучува 25 пациенти на кои не им беше дадено ништо интраперитонеално. Беше следена постоперативната болка со користење визуелна аналогна скала за болка (VAS) за 24 часа по лапароскопска холецистектомија. Резултати: Немаше значителна разлика во однос на возраста, тежината и полот, траењето на операцијата и траењето на анестезијата. VAS-скоровите во различни временски интервали беа статистички значително пониски во сите времиња кај групата А во споредба со групата Б. Имаше статистички значителни разлики во VAS-скоровите меѓу групата А и групата Б во сите времиња во постоперативниот период - 1, 4, 8, 12 и 24 часа (p < 0,00001). Заклучок: Интраперитонеалното аплицирање на bupivacaine дава добра аналгезија во постоперативниот период по лапароскопска холецистектомија. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access