학술논문

THE IMPACT OF GLYCO-METABOLIC STATUS IN PATIENTS TREATED FOR ACUTE CORONARY SYNDROME.
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). 2018, Vol. 39 Issue 1, p37-50. 14p.
Subject
*ACUTE coronary syndrome
*PEOPLE with diabetes
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Историја: Дијабетесот се дијагностицира кај 10-20% од пациентите со акутен коронарен синдром (АKС) кои немале познат дијабетес до тој момент. Гликолизаниот хемоглобин, стрес- хипергликемијата, како и состојбата на гликозна контрола се независни фактори на ризик за хоспиталниот морбидитет и морталитет, без оглед на присуството или отсуството на дијабетес. Цел: Во нашата студија сакавме да ја процениме преваленцата на новодијагностициран дијабетес кај пациентите со акутен коронарен синдром и да го процениме односот меѓу стрес- хипергликемијата, гликорегулацијата и новодијагностицираниот дијабетес со болничкиот морбидитет и морталитет. Методи: Ова беше лонгитудинална опсервациска студија, со податоци собрани од болничкиот регистар на пациенти хоспитализирани поради акутен коронарен синдром (СТЕМИ-регистар), во периодот јануари 2015 - април 2017 година на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје, Република Македонија. Ги анализиравме демографските, клиничките и биохемиските варијабли, параметрите на гликемичниот метаболизам и хоспиталниот морбидитет и морталитет. Анализата беше споредбена меѓу пет испитувани групи, а поделбата во групи беше направена врз основа на состојбата на глико-регулираност, со користење еден биохемиски параметар - HgbA1C (гликолизиран хемоглобин), а во зависност од присуството на знаен дијабетес пред акутниот настан: 0 - без ДМ (HgbA1C <5,6%), 1 - новодијагностициран предијабетес (HgbA1C 5,6-6,5%), 2 - новодијагностициран дијабетес (HgbA1C ≥ 6,5%), 3 - познат добро контролиран дијабетес (HgbA1C <7%) и 4 - познат лошо контролиран дијабетес (HgbA1C ≥7%). Резултати: Во анализата без вклучени 860 пациенти (590 мажи и 270 жени). Нарушен гликозен метаболизам беше потврден кај 35% од пациентите, од кои 9% беа лица со новодијагностициран дијабетес. Стрес-хипергликемија беше регистрирана кај 27,3% од пациентите, меѓу кои кај 3,6% пациенти без дијабетес. Највисоките вредности на стрес-хипергликемија беа регистрирани кај новодијагностициран и познат лошо контролиран дијабетес. Стапката на болнички настани изнесуваше 15%, а стапката на болнички морталитет 5% и таа беше највисока кај пациентите со новодијагностициран и знаен, но неконтролиран дијабетес. Гликолизираниот хемоглобин, стрес- хипергликемијата и лошата гликемиска контрола (со хипергликемични епизоди) се издвоија како значајни независни предиктори на болничкиот морбидитет и морталитет кај пациентите со АКС. Заклучок: Беше регистрирана висока преваленца на новодијагностициран дијабетес кај пациентите со акутен коронарен синдром. Стрес-хипергликемија и неуспехот да се постигне гликемична контрола беа независни предиктори за болничкиот морбидитет и морталитет. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access