학술논문

THE EFFECTS OF DIFFERENT SOLVENTS ON BIOACTIVE METABOLITES AND "IN VITRO" ANTIOXIDANT AND ANTI-ACETYLCHOLINESTERASE ACTIVITY OF GANODERMA LUCIDUM FRUITING BODY AND PRIMORDIA EXTRACTS.
Document Type
Article
Source
Macedonian Journal of Chemistry & Chemical Engineering. 2017, Vol. 36 Issue 1, p1-13. 13p. 3 Charts, 6 Graphs.
Subject
*METABOLITES
*ANTIOXIDANTS
*ACETYLCHOLINESTERASE
*GANODERMA lucidum
*PRIMORDIA (Botany)
Language
ISSN
1857-5552
Abstract
Добро е познато дека дабовата сјајница Ganoderma lucidum (Fr.) Karst произведува разни биоактивни метаболити. Целта на ова истражување беше да се процени антиоксидациската активност и ацетилхолинестеразната (AChE) инхибиторна активност на разни екстракти добиени од плодното тело и од примордиумот кој е почетната фаза на плодното тело на G. lucidum. Беше извршенa класична екстракција од плоднoто тело и од примордиумот на G. lucidum со употреба на различни растворувачи (вода, метанол, ацетон, етанол и хаксан) на две температури (на 25 °C и на температура на вриење на растворувачот). Беше одредено влијанието на растворувачот врз приносот на екстракцијата, а потоа и врз активноста на екстрактот. Екстрактите беа богати со феноли, полисахариди и протеини. Највисок принос од 23,30% беше добиен при екстракција со вода. Вкупната содржина на фенолите беше меѓу 9 mgGA/g и 74,36 mgGA/g за екстрактите од плодното тело и од 11,16 mgGA/g до 103,32 mgGA/g за екстрактите од примордиумот. Антиоксидациската активност со методот на прибирање на радикали со употреба на DPPH* се движеше од 0,48% до 23,66% за екстрактите од плодното тело и од 5,32% до 54,57% за екстрактите од примордиумот. Процената на инхибицијата на ензимот AChE беше извршена со колориметриски метод со реакцијата на Ellman. Инхибицијата се движеше од 18,1% до 32,5% за екстрактите од плодното тело. Највисока инхибиција на екстрактите од примордиумот изнесуваше 29,48%. Ова е прво истражување на екстрактите од примордиумот на G. lucidum и на нивната биолошка активност. [ABSTRACT FROM AUTHOR]