학술논문

INSIGHT IN THE CURRENT PROGRESS IN THE LARGEST CLINICAL TRIALS FOR COVID-19 DRUG MANAGEMENT (AS OF JANUARY 2021).
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). Apr2021, Vol. 42 Issue 1, p5-18. 14p.
Subject
*CLINICAL drug trials
*COVID-19
*COVID-19 pandemic
*CONVALESCENT plasma
*COVID-19 treatment
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 ја генерираше најголемата глобална здравствена криза на 21 век, и доведе и до социоекономски потреси. Покрај брзото и обемно континуирано надополнување на научните сознанија за епидемиологијата, дијагнозата, превенцијата и третма- нот на КОВИД-19, вирусот SARS-CoV-2 продолжува да се шири во недостиг на дефинитивни и специфични терапевтски агенси. Актуелните тераписки стратегии главно се насочени на вирусна инхибиција со антивирусни лекови и на потиснување на силно поттикнатиот имун одговор на домаќинот со имуномодулаторни лекови. Во овој преглед ги проучуваме податоците од најго- лемите планирани клинички студии за третманите на COVID-19 објавени во првата година од почетокот на пандемијата. Генерално, овие резултати се однесуваат најмногу на седум лекови: ремдесивир, хлорокин/хидроксихлорокин, комбинацијата од лопинавир-ритонавир, кортикос- тероиди, тоцилизумаб, конвалесцентна плазма и моноклонални антитела. Во согласност со објавените податоци до јануари 2021 г., најмногу докази ја поддржуваат примената на ремде- сивир кај хоспитализирани пациенти со умерена или тешка форма на болеста и обезбедуваат веродостојни податоци за силниот позитивен ефект на кортикостероидите кај хоспитализирани пациенти што имаат потреба од кислородна поддршка. Дополнително, првичните резултати од студијата RECOVERY ја покажаа ефикасноста на тоцилизумаб во третманот на критично бо- лните пациенти. Сè уште со ентузијазам ги исчекуваме резултатите за другите имунобазирани тераписки модалитети во третманот на COVID-19. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access