학술논문

PREVALENCE OF ROTAVIRUSES IN THE ETIOLOGY OF ACUTE DIARRHEA IN YOUNG CHILDREN, CLINICAL FORMS, EXTRAINTESTINAL MANIFESTATIONS AND COMPLICATIONS.
Document Type
Article
Source
Contributions / Prilozi (1857-9345). 2020, Vol. 41 Issue 3, p23-30. 8p.
Subject
*ORAL rehydration therapy
*RESPIRATORY infections
*HOSPITAL admission & discharge
*ETIOLOGY of diseases
*ROTAVIRUS diseases
*FOOD contamination
*LYMPHADENITIS
Language
ISSN
1857-9345
Abstract
Ротавирусот е висококонтагинозен причинител со доминантен фекоорален пренос. Бидејќи е стабилен во надворешната средина, трансмисијата е можна со блиски контакти, ингестија на контаминирана вода или храна и контакти со контаминирани површини. Со часови опстојува на рацете, а со денови на контаминирани површини. Тоа го чини најзастапен ентерален и нозо- коминален патоген во светот, пред сè во малата детска возраст. Освен брзата дехидратација со изразени електолитни нарушувања, евидентирани се и бројни екстраинтестинални можности во клиничката слика, што ја потенцира потребата од превенцијата на оваа болест. Во периодот од 1.2.2018 год. до 31.1.2020 год. на Клиниката за инфективни болести ле- кувани се 1060 пациенти со дијареална болест, од кои 502 деца (47,36 %). Кај 23,3 % од децата потврдена е ротавирусна етиологија. Кај сите 117 деца, по протокол, направени се лаборато- риско-биохемиски истражувања со следење на параметрите и нивна динамика на прием и на отпуштање од болница. Најголем број од децата, 84 (82,06 %) се од градска средина, со потврдена епидемиолошка анкета кај 59 (42 %). Просечната возраст на децата беше 8 месеци, со мал процент деца на мајчина исхрана (доени 25, односно 21,37 %), со висока фебрилност на прием кај 99 % од децата со средна вредност на температурата од 38,5 оC и просечно траење на фебрилноста од 4 дена, со средно 7 (+2,49) столици и 5 (+2,12) повраќања. Имаше сигнификантна разлика во вредностите на хематокритот, леукоцитите, електролитите, гликемијата и ЦРП при приемот и при исписот. Имаше доминантна изонатремиска дехидратација, а компензаторните механизми следени со вредностите на електролитите АБС, Пх, БЕ покажаа тенденција кон одржување во крајните физиолошки граници. Во клиничката слика од екстраинтестиналните манифестации забележани беа бронхити, мезентеријален лимфаденит, горнореспираторни инфекции и раш. Ротавирусната инфекција е сериозен здравствен и економски проблем во нашата земја, па потребно е нејзино континуирано превенирање и следење за да се постигне намалување на инциденцата, а со тоа и потребата за хоспитализација и лекување на ротавирусната болест. [ABSTRACT FROM AUTHOR]

Online Access